Повеќе извори, пишуваат странските технолошки медиуми, тврдат дека ова е потврдена информација, а доколку е навистина така, би можело да биде едно од најголемите протекувања на податоци досега.
Базата на податоци што е на продажба содржи мобилни броеви на корисници на „Ватсап” од 84 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Египет, Италија, Саудиска Арабија, па дури и Индија. Според објавените податоци, содржи повеќе од 32 милиони американски броеви, 45 милиони од Египет, 35 милиони од Италија, 29 милиони од Саудиска Арабија, 20 милиони од Франција и 20 милиони од Турција. Базата на податоци наводно содржи речиси 10 милиони руски телефонски броеви.
На корисниците на „Ватсап” им се препорачува да се воздржат од повици и пораки од непознати броеви.
Хакерите продаваат податоци: 7.000 долари за американски податоци, 2.500 долари за британски податоци
„ТекРадар” пишува дека се обратиле до Мета за да ја потврдат автентичноста на тврдењата и за дополнителен коментар. Засега немаат одговор.