(ФОТО) “Уште колку здpaви деца како Јана треба да yмpaт? Ако си немаш пријател yмpи си”: Битолчани побараа пpaвда за ЈАНА!
Под мотото „Правда за Јана – Сите сме Јана“ на плоштадот „Магнолија“ во Битола вечерва се одржа пpoтecтот за пpepaната cмpт на шестгодишната Јана Христовска, која минатата недела почина во болницата во Битола по примена инфузија.
„Уште колку здрави деца како Јана треба да умрат?“, „Ако си немаш пријател умри си“, „Немаме солзи да ви ги исплачеме гревовите“, „Вие во бели мантили, ние во црни кошули“, „Партизирано здравство“… се само дел од пораките кои ги напишаа битолчани во знак на гнев и незадоволство од здравствениот систем.
Протестот го организираат родителите на Јана и нејзиниот кум кои рекоа дека сакаат да го насочат вниманието за состојбите во македонското здравство, додека го чекаат извештајот од обдукцијата која треба да го даде одговорот од што настапила смртта кај Јана.
Семејството Христовски не е задоволно од извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој соопшти дека нема грешки во лекувањето на Јана и дека без оглед на примената инфузија и високиот шеќер во крвта, Јана починала од застој на срцето.
Јана почина минатата среда на Детското одделение во битолската болница откако со симптоми на настинка и повраќање била однесено на лекар. По првично измерените девет единици шеќер во крвта Јана примила инфузија со гликоза, по што шеќерот покажал 19 единици на следното мерење. Семејството се сомнева во грешки во лекувањето.
ФОТО/Дамјан Гугучевски