(ФОТО) Планирале учество во протести: Двајца српски државјани спречени да влезат во Македонија

105

Двајца српски државјани биле спречени да влезат во Македонија, и од нив биле запленети транспаренти наменети за протести, дознава НетПрес од извори во безбедносните служби.

Информациите добиени од извори на НетПрес велат дека на граничниот премин Табановце, на 18 март, годинава, македонската полиција запрела такси возило во кое се наоѓале лицата Градимир Цветановиќ и Мирјана Перишиќ, двајцата државјани на Република Србија.

Со нив во возилото тие имале транспаренти наменети за собирот на плоштадот во Скопје, одржан во вторникот, поточно на 18 март.

Македонската полиција ги спречила српските државјани во намерата и не им дозволила влез во Македонија, а транспарентите им биле запленети.

Претходно, протече и видео од координација на македонски и српски студенти за организација на протести.

Кирил од Левица главен организатор: Видео од состанок каде се подготвува српско сценарио и насилство на утрешниот протест во Скопје

Извор: Лидер.мк.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content