ФОТО: Најубавите зимски аксесоари – Со овие детали секој стајлинг изгледа одлично!
Плетена капа
Овој модел е популарен веќе со години, а на врвот од модната листа се наоѓа и оваа зима. Изберете капа во силна боја со цел да можете да го освежите аутфитот.
Беретка
Овој модел повторно е тренди судејќи според многуте фотографии на социјалните мрежи. Оваа капа може да се носи и со некои поелегантни комбинации, а одлично изгледа и во комбинација со капут.
Шешир
Шеширите се попопуларни од било кога. Овој женствен детал ќе му даде интересна нота на секој аутфит.
Шал
Предимензионираните шалови и марами лесно ќе ве згрејат, а изгледаат така моќно. Оваа сезона мора да ги имате барем во неколку бои и дезени. Правилото гласи, колку пошарено, толку подобро.
Кожни нараквици
Овој елегантен женски аксесоар мора да се најде во вашиот гардеробер без објаснување. Со кожните нараквици секој зимски стајлинг буквално блеска.