(Фото) Забрзано се поставуваат камери, еве кои сообраќајни прекршоци ќе се казнуваат

152

Во Скопје интензивно се поставуваат камери на најфреквентните крстосници, улици и булевари со кои МВР ќе лови сообраќајни прекршоци.

Вчера доцна попладне такви камери се поставуваа на улицата Васил Чакаларов, која ја поврзува населбата Тафталиџе со населбите Влае и Ѓорче Петров.

Станува збор за надградување на проектот „Безбеден град“ кој има за цел да ја зголеми безбедноста во сообраќајот.

За ова да профункционира потребни ќе бидат законски измени, но она што досега е познато е дека  во иднина со овие камери ќе се казнува за брзо возење и поминување на црвено, а се прават напори и модел да се казнува и за не носење на појаси, лошо и опасно престројување и непрописно паркирање на коловозните ленти.

Покрај Скопје ваков модел треба да се инсталира и во Тетово и Куманово, но и на одредени делници од автопатот Скопје – Гевгелија.

Инаку, овој проект имаш своја проба пред неколку денови кога за само два часа тестирање на системот биле забележани околу 5.000 сообраќајни прекршоци.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content