Фото-демант на лагата на „новинарските“ подметнувачи: Мицкоски снимен денеска во Кочани

Јасна потврда на шпекулацијата е фотографијата која ја направи КУРИР.МК во Кочани, на која јасно се гледа присуството на премиерот Мицкоски.

186

На прес-конференцијата во Владата, еден од „новинарите“ субверзивно настапи со повеќе непроверени информации и инсинуации, со очигледна намера за ширење дезинформации.

Една од нив беше и дека премиерот Христијан Мицкоски денеска не бил во Кочани, лага која директно ја демантираше самиот премиер, кој кажа дека уште од 6 часот наутро бил во Кочани со министерот Панче Тошковски и останатите.

Уште една јасна потврда  на шпекулацијата е фотографијата која ја направи КУРИР.МК во Кочани, на која јасно се гледа присуството на премиерот Мицкоски.

посета на кочани по трагедијата

Не очекувајте „новинарот“ да се извини, интенцијата беше ширење „смут“ и девалвација, неуспешна, но целта е постигната за сите оние кои нема да го слушнат/прочитаат демантот. „Новинарот“ беше во Кочани, знаеше кој каде бил. Тоа е и базата/поентата на шпекулацијата во светот, пуштена е , па кој ќе сфати, сфатил…

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне
Холидеј Радио
Skip to content