Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во центарот на Скопје, на потегот кај Рекорд, поточно пред зградата на Министерството за правда дознава 24инфо.
Според првични информации добиени од очевидци за 24 Инфо, во несреќата учествувале две патнички возила. На местото на несреќата пристигнале две екипи на Итната медицинска помош, но засега нема официјални податоци за бројот и состојбата на повредените.
Од Министерството за внатрешни работи се врши увид со подетални информации во текот на утрешниот ден.