Фоторепортери и онлајн медиуми во потрага по системски решенија на средба со ЗНМ

40

„Големиот број на досега вонсудски решени спорови, навестува дека има зголемена свест за соработка од двете засегнати страни, но недостасуваат системски решенија кои ќе понудат заштита на овие права на авторите, поголем интерес кај медиумските менаџери и секако подобрување на квалитетот на медиумската содржина.

Од страна на фоторепортерите беше кратко презентиран и модел за платформа за споделување на професионални фотографии што може да прерасне во важен ресурс за збогатување на медиумските содржини со квалитетни авторски фотографии.

Претставниците на Онлајн медиа имаат размислување дека таква платформа, за чие користење пред се би имале бенефит членките на ова здружение, би бил потенцијално добар модел за подобрена саморегулација во унапредување на авторските права. Освен тоа истакнаа дека Законот за авторско право и сродни права, нужно е да биде унапреден за поголема заштита не само на фоторепортерите туку и на новинарите во иднина.

Претставниците од извршната канцеларија на ЗНМ, кои исто така беа присутни на состанокот, во иднина ќе разгледуваат потенцијални партнери за развој и промоција на платформа за споделување на професионални и авторски фотографии.

На тема поврзана со авторските права Здружението на новинарите во јануари оваа година објави анализа, Метадата Извештај за 2023.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content