„Ова го бараме од причина што голем број на компании се подготвени да инвестираат и веќе ги имаат направено неопходните набавки, но процесот е закочен заради бирократските процедури за обезбедување на дозволи. Со тоа ќе се дозволи компаниите со свои инвестиции да ја намалат енергетската зависност, а воедно и сметките за електрична енергија. Барањето е неопходно, разумно и не ангажира никакви дополнителни средства за реализација од страна на државниот буџет”, соопштија од ССК.
Од ССК уште бараат укинување на ДДВ за фотоволтаици и за опремата за монтажа на фотоволтаици, како и за инвертер клими и агрегати со кои може да се намали потрошувачката на струја за загревање на објектите.
Сојузот во август годинава достави 14 барања за мерки, меѓу кои ограничување на цената на струјата до одредено ниво до кое ќе ја плаќаат претпријатијата, додека над тоа ниво да ја плаќа Владата како и обезбедување на струја од домашните производни капацитети, по поповолна цена за стопанството.