Фалсификувањето на маслиново организиран криминал или начин на заработувачка

132

Недостигот на маслиново масло и цените кои ги соборија сите рекорди на европскиот пазар практично ги туркаат фалсификаторите желни за профит во организиран криминал. Неодамна беше објавено дека во акцијата на италијанската финансиска полиција во три нелегални лаборатории во градот Черињола на југот на Италија се запленети 37 тони на лажно екстра девствено маслиново масло штетно по здравјето на луѓето. Со лабораториски анализи е утврдено дека не се работи за маслиново масло, туку за масло добиено од семки од сончоглед со додадени бои надвор од дозволените граници, објави весникот „Кориере дела сера“. Три лица се предадени на обвинителството во Фоџа поради сомнение дека тргувале со штетни материи и продавале лажен прехранбен производ како оригинален, со што истовремено ги прекршиле управните прописи за објавување податоци за потеклото и квалитетот на храната.

Во јануари годинава беше објавено дека има се повеќе фалсификати поради недостигот на маслиново масло на европскиот пазар, но се чини дека примерот од Италија е најдрастичен досега. Одамна е познато дека маслиновото масло е еден од најфалсификуваните производи во светот, а најскапото екстра девствено масло со години е на мета на шпекулантите бидејќи е најисплатливо. Европската агенција за јавно здравје и безбедност на храна предупреди на оваа појава пред точно десет години, наведувајќи ги шпекулантите од Италија како најголем ризик.

Државниот инспекторат на Словенија на почетокот на годинава најави голема проверка на дури 30 видови масло.

Експертите проценуваат дека само 10 отсто од вкупното светско производство ги исполнува критериумите нивното масло да се категоризира како екстра девствено. Во продавниците се зголемува понудата на овој најскап производ, па се поставува прашањето за каков квалитет е ако цела Европа има проблем да ги заштити потрошувачите од измами.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content