Фактор: Книжарниците не сакаат да продаваат евтин училишен прибор

106

Откако Владата донесе одлука По ограничување на највисоката профитна маржа на училишниот прибор, некои од книжарите во помалите населени места решија да ги затворат книжарите и да напишат дека наводно прават попис, објави Фактор.

Мерката на владата имаше за цел да ја олесни цената на училишниот ранец со тоа што ќе го ограничи понатамошното како што се тетратки, боици, пластелин, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали …

„Не сакам да ја споменам населбата бидејќи имаме само две книжарници и сите ќе знаат дека зборувам за нив. Значи денес се упатив да купам прибор за син ми за на училиште, ниту една не работеше. На двете стоеше дека наводно прават попис. Малку е симптоматично бидејќи тие две книжари имаат дуопол во нашата населба и на повеќето од нас ни стана јасно дека најверојатно станува збор за намерно затворање, за да не продаваат производи за кои е намалена маржата“ вели скопјанка за Фактор.

Познатата фејсбук страница пак, Шиљо магазин, објави фотографија од скопски маркет, каде досега се продавале училишни материјали, но овој пат истите иако изложени, не беа за продавање.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content