Уште утре уживајте во сонцето, студен бран доаѓа од петок

103

Синоптичарите и за утре најавуваат сончево и претежно тивко време со услови за појава на магла по котлините, а од задутре влажен и студен бран со врнежи од дожд и снег.

– Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во останатите предели од дожд и ќе преминуваат во врнежи од повремен снег. Во сабота ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно и суво со услови за појава на магла по котлините, а нови врнежи од дожд се очекуваат во вторник, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Како што најави УХМР, денеска максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content