Учениците од сите средни училишта од Прилеп рецитираа и пееја во чест на Денот на македонскиот јазик (ФОТО)
Пред полна сала публика, средношколците од нашиот град се претставија со рецитации и музички изведби со кои ги наполнија срцата на присутните во публиката.
Учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, со поддршка на в.д. директорката Весна Михаиловска, зедоа учество во настанот, со рецитации и музички настапи.
Со рецитации настапија учениците: Натали Ширкоска, Никола Мавчев, Ненад Кулески, Софија Оџаклиеска, Илина Тодоровска и Марија Велјаноска, под менторство на професорот по Македонски јазик и литература Дарко Ристески.
Со музички изведби настапија учениците: Илина Трпаноска, Софија Настоска, Михаела Наумоска, Дијана Христоска, Ива Парапанска, Петар Апостолоски, Андреј Кулески и Константин Младеноски под менторство на професорката по Музичка уметност Татјана Иваноска.
За сценографијата се погрижија учениците: Сара Пашоска, Теа Петреска, Давид Ристески и Андреј Маџоски под менторство на професорот по Ликовна уметност Александар Џинго.