Утре почнува исплатата на субвенциите за лозарите

105

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска најави дека во текот на утрешниот ден ќе почне исплатата на субвенциите за лозарите. По средбата со земјоделците во Битола, Трипуновски уште еднаш порача дека директната поддршка за производителите ќе се реализира според предвидената динамика.

-Наше ветување и обврска е субвенциите да се исплаќаат согласно календарот. Тоа значи, за сите лозари кои ги чекаат субвенциите, дека во текот на утрешниот ден ќе почне исплатата. Утре е и празник, Ден на лозарите. Обврската што ја преземавме ќе ја спроведуваме доследно, истакна Трипуновски.

Министерот потсети и дека од вчера е објавен и новиот ИПАРД повик кој ќе трае до 29 март.

-Од понеделник со Платежната и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ќе почнеме промоција на мерката. Ќе ја посетиме секоја рурална општина во рамки на инфо деновите и ќе ги презентираме потребните информации. За секој што нема да успее да присуствува ќе се обидеме на максимално располагање да бидат и нашите подрачните единици. Интенцијата е максимално искористување на расположливите над седум милиони евра, потенцира министерот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content