Повисоки пензии од утре добиваат сите пензионери во земјава. На сметките на над 300 илјади пензионериќе легнат зголемени мартовски пензии за 2.500 денари.
Со зголемувањето на пензиите минатата есен од 2.500 денари, веќе имаат поголеми примања за 5 илјади денари за само 8 месеци.
За 2025 година, во Буџетот се предвидени 1,715 милијарди евра за исплата на пензиите. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека зголемувањето на примањата на пензионерите ќе ја намали разликата меѓу најбогатите и најсиромашните граѓани. Тој потенцираше дека Владата не ги прифатила предлозите на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои побараа зголемување на старосната граница за пензионирање, зголемување на ДДВ и воведување променливи даночни стапки. Определба на оваа владина гарнитура останува рамниот данок. Инаку и платите на здравствените работници за март ќе бидат поголеми за 15 отсто, а до крајот мандатот планирани е тие да бидат покачени за 40 – 50 проценти