Успешна трансплантација на срце кај 27-годишно момче

45

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце. Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше. Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги, напиша пред малку министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил.

Ова е втора трансплантација на срце во државава. Првата беше извршена во мај минатата година кај 53 годишен пациент, а донор беше 43-годишна жена почината во сообраќајка.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content