Македонската репрезентација броеше вкупно 13 каратисти а најуспешни беа: Мила Саздова, освои 2 златни медали во фукуго и кого- кумите, сребрен медал во ката тим со Марија Гушкова и Мила Младеновска и трето место во кати поединечно во јуниорска конкуренција. Камелија Недев освои 2 златни медали во џиу ипон кумите и ката тим со Софија Јарчевска и Ана Шаневска во категорија деца 10 години. Филип Недев освои 1 златна во кихон ипон кумите и 1 сребрен медал во кати за деца 8 години. Мила Младеновска освои 2 златни медали во кого-кумите и фукуго за кадетки, 2 место во ката тим со Марта Димковска и Изабела Пренковска, како и бронзен медал кати поединечно во кадетска конкуренција. Матеј Мангаровски и Борјан Синадиновски освоија по еден сребрен и бронзен медал во кати и џиу ипон кумите. Софија Јарчевска, Марта Димковска, Ана Шаневска и Максим Поп Трпев освоија по еден сребрен и бронзен медал во кати и џиу ипон кумите во категорија за деца до 12 години. Македонската репрезентација беше прогласена и за најуспешна екипа на турнирот според бројот на освоени медали. Камелија Недев, Филип Недев и Софија Јарчевска според организаторот беа прогласени за најдобри каратисти на турнирот во категоријата деца.
На турнирот учествуваа над 600 каратисти од седум држави, а турнирот беше организиран во чест на славниот србски каратист, Оливер Томиќ кој во минатото за време на бившата држава во првата Југословенска карате лига настапуваше за карате клубот Работнички, Скопје.