Услугата „Плати преку линк“ (Pay by link) за првпат во Македонија

110

Иновативната услуга „Плати преку линк“ (pay by link) која ќе го револуционизира начинот на кој се вршат плаќања преку интернет и ќе го стимулира развојот на електронската трговија веќе е достапна во Македонија.

Единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички, КаСис, во соработка со партнeрските банки ја овозможува услугата, која освен што е неверојатно безбедна има за цел да го поедностави процесот на плаќање за малите и средни претпријатија, тргoвците кои немаат можности за големи инвестиции во платформи за електронска трговија, како и за фриленсерите кои работат на локален и глобален пазар, а наплатата со платежни картички е лимитирана. Со едноставно генерирање на линк за плаќање и испраќање до клиентот преку различни канали како социјални медиуми, е-маил, смс, трговецот има можност секој од овие канали да го трансформира во канал за плаќање и да го искористи потенцијалот за продажба и плаќања.

Од друга страна овој иновативен начин на плаќање на купувачите им овозможува безбедно купување согласно релевантните стандарди во индустријата и подобрено корисничко искуство.

„Услугата ‘Плати преку линк’ (pay by link ) е важен чекор кон модернизација на платежните процеси во Македонија, со што се зголемува ефикасноста и сигурноста на плаќањата. Ова иновативно решение особено ќе им помогне на малите и средни претпријатија да ги оптимизираат своите бизнис процеси и да го подобрат своето финансиско работење, и дополнително ќе го стимулира развојот на електронската трговија, со што на трговците ќе им овозможи економичен пристап до електронски канал за продажба”, велат од КаСис.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content