Како што информира АМСМ, од 12:25 часот е укината забраната за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, во 14:10 е укината забраната за патниот правец Струга – Ќафасан и сообраќајот е нормализиран, во 15:25 е укината забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража и во 15.35 часот е укината забраната за камиони на патниот правец Кичево – Охрид на планинскиот премин Пресека.