Удрете по сивата економија, не удирајте по тие што плаќаат давачки

53

Малите и микро бизниси на мета на владата. За околу 50.000 фирми, меѓу кои фризерници, бутици, семкарници, занаетчии, итн., од 2023 година ќе нема повеќе можност за ослободување од плаќање на данок на приход до три милиони денари.

Занаетчиите се револтирани и велат дека со измените во Законот за данок на добивка, власта дополнително ги оптоварува со давачки, во услови во кои едвај опстојуваат. Тие апелираат за насочување на фокусот кон сивата економија и оданочување на прометот што не се регистрира, наместо да се удри врз оние кои легално плаќаат давачки.

На тој начин, се вели во реакцијата на Сојузот на стопански комори, ќе се стави клуч на многу компании и ќе доведе до драстично зголемување на сивата економија.

„Концептот на правично оданочување значи дека во даночниот систем треба да бидат опфатени нерегистрираните субјекти кои работат во сивата зона и не плаќаат никакви давачки“, велат од ССК.

Бизнисите со вкупен приход до шест милиони денари, според измените на Законот за данок на добивка, ќе можат да изберат дали ќе плаќаат 10 отсто данок на добивка или, пак, 1 отсто на вкупниот приход.

Собранието веќе ги усвои измените на Законот за данокот на личен доход, со што од наредната година ќе продолжи примената на рамниот данок од 10 проценти. Се одложува и даночењето на каматите на заштедите до влезот на државава во ЕУ. Законодавниот дом треба да даде зелено светло и за измените кај ДДВ и данокот на добивка.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content