Уапсен полицаец – дел од обезбедувањето на Мицкоски

102

Ова е борба против чесните и нечесните, неодамна упатија порака од Владата, а Министерството за внатрешни работи со чистката во своите редови покажа дека пред законот сите се исти. Имено, уапсениот полициски службеник за оддавање на службена тајна е дел од тимот на обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски, дознава „Нетпрес“.

Станува збор за вчерашната полициска акција, во која по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес.

Од Владат информираат дека борбата против криминалот е неселективна, и тоа што станува збор за член задолжен за обезбедувањето на премиерот е причина плус да се делува строго и според законите.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content