Тутунарите во „трка“ со крајните законски рокови за откуп на тутунот

61

Тутунарите бараат двојно зголемување на динамиката на откуп по пунктовите и воведување на откуп во сабота и во недела за да нема потреба од измени на закон и продолжување на рокот за откуп и во март.

Голем проблем имаат тутунарите кои имаа склучено договори со Далија Табак која го откажа откупот. Нив ги презема тутунскиот комбинат од прилеп но се жалат дека од Валандово најблискиот откуп им е во радовишко на 100 километри заради што имаат огромни трошоци и ништо нема да им остане. За најавите дека во петиот пакет мерки ќе има пари и за тутунарите тие порачуваат да не се оди на модел на линеарна исплата туку прво да се исплати разликата од откупната цена барем до 200 денари колку што реално требаше да биде откупната цена годинава.

 

Во тек е пријавување и на вишокот на тутун кој според тутунарите е вештачки создаден од откупувачите кои при склучувањето на договорите наместо род од 250 до 300 килограми од декар годинава вршеа пресметки на 160 до 170 килограми заради што сега има тутун кој се јавува како вишок од она договореното. Годинава според сите проценки на тутунарите е една од најлошите во однос на откупот со загуби во просек од едно евро за секој предаден килограм тутун што значи дека монополите ќе исплатат над 20 милиони евра помалку кон тутунарите споредено со претходните години.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content