Веста ја објави „Ин7“, од каде велат дека им се познати имињата на овие тројца пратеници, но дека нема да ги објават заради зачувување на изворот. Според нивните информации, еден од пратениците е од полошкиот, додека другите двајца се од скопскиот регион.
Ваквата информација оди во прилог на најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој при објавувањето на договорот за ново парламентарно мнозинство истакна дека имаат 61 пратеник со можност тоа да биде проширено за тројца, односно на 64 пратеници.