Трајанов: Контурите на „францускиот предлог“ се подготвувани во Мала Речица

182

Тој во синоќешното гостување во емисијата „Само вистина“ вели, СДСМ како партија биле исклучени од овие преговори, а интерес на министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи, не била Македонија, туку интересите на Косово и Албанија.

-„Господинот Османи, врвен негов интерес беше да ги застапува интересите на Косово и Албанија, а не на Република Македонија, тоа е суштински проблем. Јас имам агрументи за тоа, еве јас сум посочил дека договорот го правеле, францускиот предлог во Мала Речица и тоа имаме сериозни информации и тоа сега после промената на власта ќе барам сите досиеја да се отворат, кој биле таму во Мала Речица….ПРашања: Францускиот предлог што стигна како официјален предлог, потпишан од сите земји членки на ЕУ е правен во село во близина на Тетово? … Значи е подготвуван, контурите се подготвувани таму помеѓу претставници на Бугарија и на ДУИ.“ – Павле Трајанов – претседател на ДС

Од СДСМ за Канал 5 велат ваквите информации се целосно не точни. Реагираа и од МНР, од каде посочуваат дека јавноста е добро запознаена со долготрајниот процес и финалните детали кои биле усголасени и директно со франуцскиот претседател Емануел Макрон, на маргините на Мaдридскиот самит на НАТО.

„Иако целта има дневна партиско – политичка цел, да се нанесе штета на улогата на дипломатијата на земјава, со ваквите неумесни шпекулации во најголем дел се омаловажува улогата и кредибилитетот на самата Унија. Во овие неумесни шпекулации ЕУ се посочува како некредибилен политички ентитет, кој добива инструкции од локални или партиски штабови за клучните одлуки кои ги поминуваат највисоките тела на европската администрација и се носат на највисоко ниво – на Самитите на Унијата.“- МНР

Откако беше договорен, т.н. француски предлог во 2022 во земјава ги мина и владините и собраниските филтри, но без поддршка од тогашната опозиција, која ја напушти салата по гласањето. За тогаш владејачките партии СДСМ и ДУИ, тоа беше исчекор за државата, односно преговарчка рамка со која се заштитени македонскиот јазик и идентите.

Извор: Канал 5

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content