Традиционално сечење бадникови гранчиња на падините на Водно

74

Одборот за прослава на Бадник 2024 денеска напладне на месноста Говрлевска Краста на падините на Водно ќе го организира традиционалното сечење бадникови гранчиња кои на Бадник (6 јануари) ќе им се делат бесплатно на граѓаните пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Кум на годинашното одбележување е Божидар Јанковски, сопственик на „Дајнерс“, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2024, а Здравичар годинава е актерот Атанас Тановски, кој на платото пред Соборниот храм на 6 јануари ќе ја каже здравицата во пресрет на најголемиот христијански празник Божик.

Сечењето на гранчињата ќе почне напладне со пречек на Кумот и Здравичарот и на официјалните гости, кои ќе заиграат македонско оро на музика на оркестар од трубачи.

-Потоа следува церемонија на засадување млади бадникови стебла, што е задача на новиот Кум и Здравичар, и на крајот од церемонијата Кумот и Здравичарот го кршат лебот на софрата на која ќе продолжи дружбата со риба и чашка пијалак, придружено со звуците на трубите и тапанот, соопшти Одборот за традиционална прослава на Бадник.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content