Трагедија во Прилеп: Во сообраќајка загинаа тројца лекари (ВИДЕО)

156

Во сообраќајната несреќа утрово, загинаа лекарите: Примариус  д-р,   Александар Ристески, радиолог, Фанче Јованоска, радиолошки технолог и  д-р Никола Василески, специјалист гинеколог акушер, лекари од Прилеп  од тимот лекари кои патувале на своето работно место во  Битола.

Лекарите  биле работно ангажирани и во  ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп “ Борка Талески“ -Прилеп,  во која утре ќе се одржи комеморација.

Видео плејер

00:00
00:05

Веста од МВР  официјално е потврдена:

Утрово во 07.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола кај клучката Лагово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот Н.В. од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки управувано од 51-годишниот Г.Р. од Битола.

Во несреќата патничкото возило се запалило и на лице место починале тројцата патници во истото. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. Увидот го врши јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Прилеп.

Од 08.00 часот сообраќајот на патот А3 Прилеп- Битола кај село Лагово е затворен за сообраќај во двата правца.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content