Тошковски: Целта ни е изградба на модерен, целосно опремен и функционален центар за обука

103

Денеска заедно со министерот за спорт Борко Ристовски го посетивме Центарот за обука на МВР, каде што е во тек сеопфатна реконструкција на постоечките капацитети. Овој центар претставува клучна алка во системот на безбедност, каде се обучуваат и подготвуваат идните полициски службеници и токму затоа вложувањето во неговата инфраструктура е вложување во стабилноста и безбедноста на државата, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Со министерот разговаравме за можностите за меѓуресорска поддршка, особено во делот на спортската инфраструктура, односно спортските терени, полигонот, игралиштата и базенот. Особено загрижува состојбата со базенот, кој иако бил реновиран претходно, воопшто не е ставен во функција и оставен е да пропаѓа. Заеднички констатиравме дека со релативно мали инвестиции, овој сериозен капацитет може повторно да се стави во функција и да стане дел од системската подготовка на полициските кадри, додаде Тошковски.

Целта ни е изградба на модерен, целосно опремен и функционален центар за обука, кој во иднина ќе има и регионално значење. Веруваме дека преку соработка помеѓу институциите, со јасна визија и одлучност, можеме да изградиме услови што ќе одговорат на современите потреби, потенцира министерот Тошковски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content