Тошковски со сите детали, за приведените, за Бектеши, за документација, за фалсификатите

106

Министерот за внатрешни работи денеска одржа прес конференција со најнови детали за несреќата во дискотеката Пулс Кочани.

Како што рече пожарот настанал од прскалките, внатре биле околу 500 луѓе, 59 ги загубиле животите.

Формиран е оперативен штаб, се преземаа мерки за кои јавноста е информирана. Координација со сите надлежни инсититуции. Увид врши обвинителството, а надлежните од министерството асистираат, рече Тошковски.

Извршена е обдукција на 15 лица. Во критична состојба вкупно се 45 лица, се транспортираат во странство во соодветни здравствени установи, владата прави напори за да овозмоижи услови за нивно лекување, додаде Тошковски.

Тошковски изрази благодарност до сите кои се понудија да помогнат и ги ставија своите капацитети да и помогнат на Македонија.

Од досегашните дејствија утврдено е:

Од извршен разговор со член од ДНК, прскалките ги донел бендот, а лицето кое било задолжено за нивната употреба е починато

Потерницата за четирите лица е повлечена, истите се обезбедени.

Во Полициска станица на СВР Скопје и Тетово се привеедени 5 лица со кои се обавуваат разговори, меѓу кои и поранешен министер.

Издадени наредби за претреси во дом и службени простории во министерство за економија, одземени документација.

Правното лице немало лиценца, кое е под надлежност на министрството за економија. Сопственикот при контрола приложил фалсификувана лиценца.

Ќе се врши претрес во книговодственото биро од правното лице.

Приведени вчера се 13 лица во СВР Штип, неформален сопственик на дискотеката, 4 од обезбедување, управител на агенција за обезбедување, лице од трудов инспекторат, 3 од пазарен испкторат, продавачот на карти…

За 11 лица е одреден притвор, за тешки дела против општа сигурност .

Од извршениот увид констатирани се неправилности во рамки на објектот, кои ги напомена и јавен обвинител.

Дискотеката немала соодветна лиценца, а работела во ојбкет чија намена е лесна индустрија, а не угостителство, прекшени правила за противпожарна заштитоа имало само два пп апарати, немало излезни врати за евакуација, концертот бил одржан на диво, немало договор помеѓу организаторот и изведувачи, за пиртехника немало дозвола.

Во однос на тоа дали МВР требало да го обезбедува надвор настанот, не било избвестено од страна на организаторите дека таков настан ќе се одржува и нема обврска да врши постојано обезбедување пред секој ноќен клуб. Согласно закон се пропишани услови како треба да биде побезбеден ваков настан, треба соодветно обезбедување од соодветна агенција. За обезбедување од МВР немало побарано писмено известување.

Во однос на присуството на полициските службеници кои биле внатре.

Вечерта е вршена контрола, полициските службеници вршеле контрола за присуство на малолетници и контрола за дрога, влегле неколку минути пред пожарот, а полицискиот службеник влегувал и излегувал загинал затоа што се обидувал да помогне на лицата.

Во однос дали требало да има дозвола за ваков настан, МВР не дава дозволи.

Во однос на прашањата за пиротехнички среедства дали МВР треба да издаде дозовли, согласно законските прописи, количината на приотехника мора да се пријават во СВР со место време, количини, а таква немало.

По завршување на увидот ќе биде изготвен извештај

Ќе има уште приведени од различни инстотуции, во текот на денот јавноста ќе биде информирана, реше Тошковски и додаде дека секој инволвиран ќе одговара.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content