Тошковски: Има собрано огромен број докази и потенцијални сведоци за трагедијата во Кочани

102

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски верува дека за разумно време јавноста ќе биде сведок на целосно разоткривање на случајот со трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 61 лице, а околу 200 беа повредени.

Тошковски очекува дека Обвинителството во разумен рок ќе поднесе обвинителен акт.

– Според последните информации 11 обвинители се вклучени во случајот. Има собрано огромен број докази, има и потенцијални сведоци, над 250-300 луѓе кои можеби ќе бидат сослушани. Со овој случај мора да покажеме дека државата има капацитети да одговори соодветно, рече Тошковски во интервју за телевизија „Алфа“.

Вели дека има разлика како се постапува сега во однос на претходните години затоа што за трите поголеми случаи како Ласкарци, Модуларната болница во Тетово и запалениот автобус во Бугарија немало поднесено ниту една пријава од страна на МВР, ниту пак бил извршен претрес за разлика од сегашните кривични пријави што се поднесени за случајот во Кочани.

Во однос на барањата од опозицијата да си поднесе оставка од функцијата, Тошковски вели дека чувствува морална одговорност, но дека чувствува уште поголема одговорност да се расчисти случајот до крај.

Во однос на изјавата на заменик-министерот за правда Ален Деребан за „Гласот на Америка“ дека во брзо време ќе биде лишен од слобода поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е во бегство надвор од државата, министерот Тошковски рече дека досега нема официјална потврда дека е лоцирано такво лице.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content