Skip to content

Тошковски: За трагедијата се осомничени над 20 лица, дел од нив починале, приведени се поранешни државни функционери

100

МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент, во врска со трагедијата во Кочани, има осомничено повеќе од 20 лица. Околу 15 лица се во полициска станица, дел од осомничените за предизвикување на овој кривично-правен настан се починати, дел се во болница, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Четири осомничени лица се во болница. Два члена на бендот, син на сопственик на дискотека и управител на правното лице кое ја менаџира дискотеката. Дел од приведените лица кои моментално се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина, согласно доказите кои ги имаме до сега. Приведено е едно лице кое е организатор на настанот и за кое имаме сомнение дека е еден од оние кои имаат директна вина, рече Тошковски.

Приведени се поранешен државен секретар на Министерство за економија, раководител на сектор во Мнистерство за економија, приведен е и поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во Дирекцијата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио