Тик Ток воведува големи промени за помладите од 18 години

39

Само оние следбеници кои имаат дозвола, ќе можат да коментираат на видео снимките на помладите од 16 години.

Исто така, ќе биде оневозможено преземање на видео снимките кои ги објавиле. Нивните налози, исто така, нема да се појавуваат во „Suggested“ секцијата, односно нема да бидат предложени на случајни корисници.

 

Корисниците на Тик Ток кои имаат 16 или 17 години, ќе имаат слично ограничување кога станува збор за преземање на нивните видео снимки. Единствена разлика во однос на помладите, е во тоа што тие ќе можат да ги исклучат рестрикциите и така да дозволат преземање, пренесе „Би-Би-Си“.

Што се однесува до опцијата дует, нема да биде дозволена кога станува збор за видео снимки на помлади од 16 години, а за оние од 16 или 17 години, исто како и за преземањето видео снимки, ќе постои опција дали и на кого ќе му дозволат дует.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content