Тешко повредени малолетници во две сообраќајки

110

На 18.09.2024 во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од ул.„Мице Козар“ со ул.„Никола Карев“ во Прилеп, патничко возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(38) од Прилеп, удрило во малолетен пешак од Прилеп, а потоа и во паркирано патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

На 18.09.2024 во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(59) од Прилеп и велосипед управуван од малолетник од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content