Театарот „Војдан Чернодрински“ вечерва настапува на фестивал во Србија

111

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Аудиција“ од Галин, во режија на Владимир Милчин, вечерва, 28 август, од 20 часот ќе се претстави во официјалната програма на 11-то издание на амбиенталниот театарски фестивал Нови Тврдина Театар, што до 2 септември се одржува во Чортановци, во близина на Нови Сад, Србија.

„Аудиција“ настапува во конкуренција на други пет претстави од регионот, а изведбата е во вила Станковиќ, која од неодамна е промовирана како нова амбиентална театарска сцена.

Според уметничкиот директор на фестивалот Вида Огњановиќ, темата на годинашниот фестивал, кој е под мотото„ Смета ли иднината на нас?“, се проблемите кои се случуваат денес, a претставите говорат за човечките проблеми.

Претставата „Аудиција“ во која играат Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски, зборува за копнежот по малку подобар живот, кој е можен само подалеку од провинцијата и татковината.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content