Таравари со апел до сите кои присуствувале на настанот во Кочани а не се пријавиле, да се обратат кај нивните матични лекари

103

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција испрати апел до сите оние кои присуствувале на трагичниот настан во Кочани а не се пријавиле на лекар, да се пријават кај нивните матични лекари во болниците во Кочани или Штип, или пак во трите болници во Скопје.

Како што напомена министерот, состојбата на сите пациенти до сега е стабилна.

-Состојбата на сите пациенти до сега е стабилна. Да се надеваме дека нема да има компликации или влошување на состојбата. Континуирано добиваме информации од сите болници каде што се сместени нашите пациенти, како и од нашите центри тука во Скопје, состојбата е комплетно под контрола. Уште еден апел до сите луѓе кои што ја поминаа таа трагична состојба вчера во Кочани, а кои не се пријавиле на лекар, ги молам да се пријават кај нивните матични лекари или во болниците во Штип или во Кочани или во трите болници во Скопје, доколку имаат каква било симптоматологија- рече Таравари.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content