СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

„Танец“ во чест на 100 години од раѓањето на Васка Илиева

Концерт на „Танец“ во чест на Васка Илиева, доајенка на македонската народна песна и една од најпознатите македонски изведувачки на народна музика, се одржа до Домот на АРМ.
– Оваа знаменита скопјанка, својата музичка кариера ја започнува во 1950 година, токму во државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Со својот уникатен стил на изведба и неповторливиот глас, Васка Илиева многу брзо станува популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa туку и во светот. И денес, нејзините изведби на песните: „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол Невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“, „Сестра кани брата на вечера“ се македонски песнопоен белег со трајни вредности за македонската културна историја. Оттука, заслужени се сите епитети што Илиева ги доби за време на својата долга музичка кариера, меѓу кои и „кралица на македонската народна песна“ – вели Бранка Костиќ-Марковиќ, уметничка раководителка на сценско-уметничка дејност во НУ „Танец“.
Концертот на „Танец“ во чест на 100-годишнината од раѓањето на Васка Илиева беше замислен како ексклузивна гала-вечер, каде што солистите и ансамблите на НУ „Танец“ изведоа петнаесетина антологиски песни од нејзиниот богат изворен, но и авторски репертоар, а ќе бидат прикажани и вредни архивски материјали поврзани со животот и делото на чествуваната уметница. Музичките адаптации, аранжмани и оркестрации за НУ „Танец“ се на Дарко Илиевски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content