Сѐ потешко се доаѓа до лекари специјалисти во јавното здравство

76

Во Извештајот се оценува дека пристапот до лекари специјалисти во јавното здравство останува проблематичен.

И покрај обезбедувањето на зголемени плати со цел да се задржат работниците, здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено специјалисти кои се селат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство. Персоналот продолжува со потребата од специјализирана обука за користење напредна здравствена опрема, наведува ЕК.

Во однос на рефундирањето на средствата што се плаќаат за здравствени услуги, од ЕК оценуваат дека пациентите плаќаат приближно една третина од сите здравствени услуги без да бидат рефундирани, со што се зголемуваат социјалните разлики.

Во делот каде ЕК се осврнува на пандемијата од Ковид-19 се наведува дека во текот на третиот бран беа пополнети 90 проценти од болничките кревети во јавниот здравствен систем. За вакцинацијата, се посочува, дека до почетокот на октомври годинава целосно се вакцинирани околу 35 проценти од населението, како и дека националниот план предвидува до крајот на годинава да бидат имунизирани 60 отсто од населението.

Вакцинацијата започна во февруари 2021 година, а согласно националниот план до крајот на 2021 година 60 проценти од населението треба да е вакцинирано против коронавирусот. Околу 35 проценти од населението е целосно вакцинирано до почетокот на октомври 2021 година. се вели во Извештајот.

Еврокомисијата додава дека Северна Македонија позитивно одговорила на механизмите за поддршка на ЕУ, од кои некои првично биле резервирани за земјите членки на Унијата за решавање на последиците од пандемијата со Ковид-19.

(Земјата) стана членка на Договор за заедничка набавка за медицински средства, како и набудувач во Комитетот за здравствена безбедност на ЕУ, кој обезбедува пристап до Системот за рано предупредување и одговор на ЕУ. Северна Македонија, исто така, ги обезбедува информациите до системот за собирање податоци на Комисијата за Ковид-19 и назначи претставник во Европскиот центар за контрола и превенција на болести, се вели во Извештајот.

Во делот посветен на болестите, Еврокомисијата констатира дека нивото на финансирање за скрининг на рак е недоволно, а податоците од националните и регионалните регистри за рак не се јавно достапни. Националната програма за рано откривање на рак допрва треба да се имплементира, велат од Европската комисија.

Потребни се соодветни финансии и понатамошна посветеност со цел да се усогласат националните правила со правото на ЕУ, се нагласува во Извештајот.

За преносливите болести, Европската комисија оценува дека земјава е делумно усогласена со правото на Европската Унија и препорачува усвојување на нова повеќегодишна стратегија за борбата против ХИВ од страна на Владата.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content