Субвенција од 500 денари за секој купен кубик огревно дрво

113

Субвенција од 500 денари за секој купен кубик огревно дрво за жителите на Кисела Вода.

Општина Кисела Вода ќе ги субвенционира трошоците за огревно дрво за своите жители. Сите граѓани кои ќе купат дрва за огрев во периодот од 1 април 2025 до 31 октомври 2025 година, можат да аплицираат на јавниот повик за добивање на поврат на средства, до исцрпување на предвидениот буџет од 1.200.000 денари.

– Субвенцијата изнесува 500 денари за секој купен кубен метар огревно дрво. Оваа сума се однесува за купени до 10 кубици дрва, или 350 денари за секој купен просторен метар дрва, за максимум до 14 просторни метри. Право на учество имаат сите жители на Општина Кисела Вода кои ќе достават валидна документација и ќе ги исполнат критериумите. Апликациите се поднесуваат во затворен плик преку Архивата на општината, по принципот „прв дојден – прв услужен – велат од општина Кисела Вода.

Јавниот повик трае до 31 октомври 2025 година или до исцрпување на средствата. Информациите се достапни и преку локалните месни заедници. За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на тел: 02 2785-427.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content