Студентски оброк ќе добијат и постдипломците и студентите на интегрирани студии од државните и приватните универзитети
Обезбедуваме финансиска поддршка за секој студент, без селективност. Предложените измени на Законот за студентски оброк, кои уште во вторник ќе се најдат пред пратениците, предвидуваат субвенциониран студентски оброк да добијат и пост-дипломците, како и студентите на интегрирани студии на државните и приватните универзитети низ Македонија, изјави Сергеј попов, пратеник и претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ
Ова е јасен индикатор дека студентите ни се приоритет. Дека поддршката за најмладите не е само декларативна, правиме значајни чекори напред кон подобар студентски стандард.
Ова е само мал дел од нашите заложби за студентите, средношколците и младите во Македонија.