СТУДЕНТИТЕ ГИ ПРЕПОЗНАА МАНИПУЛАЦИИТЕ: Студентскиот пленум не доби поддршка

106

Студентскиот пленум не доби поддршка од студентите кои ја препознаа политичката игра и манипулациите по вчершаното видео кое се појави на социјалните мрежи во кое се гледа како обучувач од протестите во Србија, држаи онлајн предавање за студенти за организирање на пленум и во Македонија.

Воедно тие малкумина кои се собраа денес околу 20 на број ги избркаа и медиумите.

Денеска во 13 часот беше платото на кампусот на УКИМ, каде беше најавена средба на студентски пленум во организација на Самостојниот студентски сојуз на УКИМ.

Студентите од околните факултети беа само случајни минувачи кои немаа намера да присуствуваат на собирот.

По десетина минути студент со мегафон излезе од зградата на Филозофскиот факултет и ги повика студентите да влезат во салата на Филозофскиот факултет.

-Никој не ве повикал, не сакаме новинари, не сакаме да не снимате, вие сте платеници, зборуваше ова лице кое не сакаше да каже кого претставува, пренесоа медиумите.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content