Врнежите повремено ќе бидат обилни, со пороен карактер и засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд.
Под влијание на влажна воздушна маса во следните денови времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд.
Дневната температура значително ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне само 14 степени.
Во следните денови ќе се задржи облачно и студено време со врнежи од дожд со променлив интензитет.