Како што кажа тој, станува збор за една од нajтешките одлуки што ја донесла РКЕ од своето постоење.
„Реалното зголемување, како што кажав, ќе беше многу повеќе, но успеавме да скратиме многу трошоци и дополнително Владата презема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период“, рече Бислимовски.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски рече дека владата презела обврски да им помогне со укинувањето на евтината тарифа, односно наместо две тарифи да има само една во иднина.