Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале затоа што ВМРО ДПМНЕ во 2001 година, но и денес посакувало војна вели Стојанче Ангелов за оваа скандалозна изјава од страна на министерката.
– Колку за потсетување војната во 2001 ја започна т.н. ОНА или УЧК која во своето комунике број 4 јасно кажа дека нивна цел е ослободување на вековните албански огништа од славомакедонскиот окупатор. Со оглед дека вооржените дејствија се одвиваа во тетовскиот, скопскиот и кумановско – липковскиот регион се доаѓа до логичен заклучок дека според УЧК оваа територија е нивна, а тие за да ја ослободат започнаа со напади и убивања на припадниците на македонските безбедносни сили, а подоцна и на цивили Македонци.
Впрочем, и тогашниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон најдобро опиша со кого си имаме работа дефиниријаќи ги УЧК како убијци и разбојници.
Значи, министерке Петровска, не ВМРО ДПМНЕ, туку Али Ахмети и УЧК започнаа долго и внимателно подготвувана војна за да отцепат дел од македонската територија. Но ние, македонските бранители од 2001-та, тоа не им го дозволивме. Не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја, вели Стојанче Ангелов.