Стефановски потсети на скандалите: Фрчковски со нула интегритет ли ќе зборува за одговорност?

104

„Првиот знак на човечката глупост е целосниот недостаток на срам“. Со овој цитат на Зигмунд Фројд, политикологот и безбедносен аналитичар Милан Стефановски ја коментита изјавата за Фрчковски.

Тој оценува дека изјавата на Фрчковски е Фројдовска.

-Тој е последниот човек на планетава кој треба да зборува за срам. Зошто!? Затоа што неговиот црн срам ја покри Македонија со децении. Читам и не ми се верува, човекот сукцесивно набројува што требало да прави МВР. Ако баба лаже траг не лаже рекле старите. Истиот ли е овој Фрчковски кои во 90′ те одел со куферче (полно кеш) кај претседателот Глигоров се со цел промена на името? Истиот ле е оној Фрчковски кои од депото на МВР кога тој беше министер за внатрешни снема повеќе од 20 кг кокаин? Дали е истиот оној Фрчковски кој како прв човек во МВР набавуваше Реј Бан наочари и слики за потребите на МВР, а полицијата немаше униформи, чевли и опрема? Истиот ли Фрчковски во чиј мандат се случи атентатот на претседателот Киро Глигоров? Овој ли е истиот тој човек за кои се влечат бројни афери за компулсивно однесување со студенти? – вели тој.

Стефановски оценува дека за овој човек народот даде мислење кога беше кандидат за претседател од редовите на СДСМ и изгуби рекордно многу.

-А, како што ме држи сеќавањето, за него дадоа мислење и нашиот стратешки партнер САД, за кои не се согласуваа да биде амбасадор во ООН. Затоа Фрчковски треба да се покрие со сопствениот срам и за навек и не ја отвара таа прекривка. Овој човек нема никаков човечки морал и професионален интегритет да зборува за одговорност, а најмалку за МВР. Од целиот регион секојдневно стигаат признанија за брзата и професионална реакција на МВР. Одговорност сега има и ќе има. Не се сеќавам истиот Фрчковски бараше одговорност од Оливер Спасовски за Ласкарци, Беса Транс, Тетовската болница. Бараше ли тогаш Фрчковски одговорност од Заев и Филипче? Овој пат народот е свесен дека со спинови за поделби по политички, етнички или верски линии ќе има “шарени” обиди да се компромитира и дестабилизира државата и да закочи борбата против корупираниот систем, односно систем во кој еден ид основоположниците е токму Љубимир Фрчковски и неговата партија СДСМ, истакна Стефановски.

„Оваа трагедија не научи на лекции и оваа трагедија ги бара одговорните со име и презиме. Овој пат Македонија и оваа Влада ќе го победи злото и корумпираниот систем“ – порача тој во изјава за КУРИР.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content