ССМ: Да се намалат функционерските плати за 78 отсто со употреба на европско знаменце, без дијалог

31

Сојузот на синдикатите на Македонија апелира до Владата да не бара изговори за намалување на функционерските плати за 78 %, туку да го примени веќе воспоставениот принцип, да го употреби европското знаменце, без широки консултации и без дијалог.

„Апелираме до Владата да не бара изговори за процесот за намалување на функционерските плати, туку да го примени веќе воспоставениот принцип како кога носи закони на штета на работниците и со злоупотреба на европското знаменце, без широки консултации, без дијалог и без да се грижат за одлуките на Уставниот суд, како што тоа го направија за воведување на 72-часовната работна недела или, пак, сега кога сакаат да ја тргнат минималната плата од Законот за административните службеници и да достави до парламентот предлог-закон со кој ќе ги намалат функционерските плати за 78 %“, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

„Не е потребно многу време за да се направи измената на законот, ССМ веќе достави предлог до пратениците, кои молчат 3 месеци, а ова ѝ го предлагаме и на Владата, со што во Законот за платата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, член 11 се менува и гласи:

Член 11

(1)Основица за пресметување на платата започнувајќи со исплатата на платата за месец септември 2023 година е минималната плата објавена во Службен весник за претходната година објавена од страна на Министерството за труд и социјална политика“, соопштува Сојузот на синдикатите на Македонија.

Од таму укажуваат дека работниците живеат од плата, без право на храна и превоз.

„Добро е што, конечно, функционерите, како министерот за надворешни работи, разбраа дека треба да се живее од плата, но нивните плати се колку 6 минимални плати, а имаат право на службени возила, обезбедување, ручеци, трошоци и други бенефиции“, додаваат од ССМ.

 

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content