ССМ: Веднаш да се пристапи кон зголемување на платите

38

Стоте најголеми компании оствариле вкупна добивка од 735,5 милиони евра во 2021 година, додека во 2020 година, добивката на овие компании била 517,4 милиони евра, што значи дека за една година добивката се зголемила за 42 проценти. Тоа значи дека работниците само во овие 100 најголеми компании биле попродуктивни и на своите работодавачи им сработиле фантастична добивка за дополнителни 218,1 милиони евра за само една година, наведува ССМ.

Од ССМ посочуваат дека за разлика од зголемената добивка на капиталот на работодавачите, платите на работниците се зголемени за само 5,8 проценти колку што се зголемила просечната плата од декември 2020 до декември 2021 година според Државниот завод за статистика.

-Ова е периодот за кој Државниот завод за ревизија во извештајот за преземените владини мерки и политики за поддршка на вработувањето и професиите погодени од ковид-пандемијата констатира намалени приходи во Буџетот на РСМ во вкупен износ од 1 437 005 илјади денари, односно околу 23 милиони евра, а голем дел од тие средства не ни стигнаа до сметките на работниците, а за што ССМ предупредуваше дека ќе се случи, велат од ССМ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content