ССКМ призна дека ја излажал Комисијата за заштита на конкуренцијата за картелот на маркети

101

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) признал дека ја лажеле Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) околу состаноците на кои четири маркети се договарале како да влијаат на цените на производите преку картелско здружување. Во „Прелиминарното известување за утврдена фактичка состојба“ кое на 12 март го донесе на седница Комисијата за одлучување по прекршок при КЗК и е доставено до Сојузот на стопански комори, стои дека оваа комората не негира дека Сузана Јаневска и Сашо Дуковски дале неточни и нецелосни изјави на Антимонополска, пренесе Самопрашај.

Ваквото признание на ССКМ доаѓа откако на 21.02.2025 година Комисијата за заштита на конкуренцијата достави Заклучок до Комората во кое се наведува дека при контролите на 7 и 11.02.2025 година било утврдено дека Јаневска и Дуковски зборувале невистина и се обиделе да ја доведат во заблуда КЗК.

 

….

Прочитајте повеќе на Самопрашај.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content