Српските власти со најава – денеска иницијативен состанок на движење за народ и држава

100

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека денеска ќе се одржи иницијативен состанок за движењето и додаде дека на состанокот ќе присуствуваат десетина лица, а ќе започнат сите активности поврзани со неговото формирање, јави дописникот на МИА од Белград.

„Ќе има мал иницијативен комитет на движењето, околу десет луѓе, а сите активности ќе почнат в недела. Во наредните денови и недели ќе подготвиме се – од името на движењето, што ќе биде здружение на граѓани, до симболите, ознаките и се друго, до целокупната програма“, изјави Вучиќ синоќа по дводневната посета на Топличкиот и Јабланичкиот округ.

Како што наведе тој, засега во своевидна преамбула и задача на иницијативниот комитет има само основни точки од она што очекуваат за иднината на Србија.

„Очекувам голем број српски граѓани да се приклучат на ова движење“, рече Вучиќ, додавајќи дека средбата ќе се одржи во 11 или 12 часот.

Српскиот премиер во технички мандат, Милош Вучевиќ најави во петокот дека првиот состанок за движењето за народот и државата ќе се одржи викендов и додаде дека прашање на договор е дали големиот митинг ќе се одржи на 28 март или во април. Вучевиќ рече дека на средбата за движењето треба да се разговара за сите активности до Видовден (28 Јуни) и официјалното формирање на движењето.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content