Средните училишта со здравствени струки нема да запишуваат ученици вонредно

5

Средно образование за медицинска сестра, фармацевтски техничар и за други профили од здравствена струка повеќе нема да може да се завршува вонредно. Од Министерството за образование и наука велат дека до училиштата кои имаат насоки од здравствена струка е испратен допис со кој се бара запишувањето вонредни ученици да се стави во мирување.

Од Министерството не ја прецизираат причината за оваа одлука, само нагласуваат дека таа е донесена за да се заштитат националните интереси.

МОН испрати допис до сите училишта во кои се реализира здравствена струка, дека запишувањето вонредни ученици се става во мирување. Одлуката е донесена во насока на заштита на националните интереси, а согласно анализа на состојбите на пазарот на трудот“, нагласуваат од МОН.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content