Средба на Сиљановска-Давкова со Масимилиано Паолучи, директор на канцеларијата на Светската банка

170

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими директорот на канцеларијата на Светската банка за Косово и за Македонија, Масимилиано Паолучи.

На средбата претседателката изрази благодарност до Светската банка за континуираното партнерство и поддршка во поттикнувањето на општествениот развој и економскиот раст на земјата.

Во тој контекст, претседателката Сиљановска-Давкова ги поздрави досегашните напори на Светската банка во подобрување на деловната клима, зголемување на вработеноста и социјалната заштита и промовирањето на одржлив и зелен раст.

На средбата беше разговарано и беше поздравена новата Рамка за партнерство со нашата земја, како можност за дополнително јакнење на соработката со Светската банка и обезбедување на одржлив развој.

Во разговорот со Паолучи, претседателката изрази подготвеност и поддршка за натамошно вложување на заеднички напори со цел справување со тековните економски предизвици кои се од суштинско значење, како и реализација на иницијативи кои водат до јакнење на економијата и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Во таа насока, претседателката ја истакна својата посветеност за унапредување на овие цели и промовирање на интересите на нашата земја преку економска дипломатија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content