Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателот на Србија во манастирот „Св. Прохор Пчињски“

120

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“ по повод чествувањето на 2 Август Илинден – Денот на Републиката.

Сиљановска Давкова ја пречека претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по што заедно го посетија манатирот „Св. Прохор Пчињски“.

Во моментот трае билатерaлната средба меѓу двајцата претседатели, по што следуваат изјави за медиумите.

Претходно претседателката се обрати во Пелинце од каде порача дека битката за младите е битка за четвртата македонска република која мора да биде грижлива кон најдобрите, инклузивна кон различните, солидарна кон ранливите и праведна кон сите.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content